Мерилин Монро е ѕвезда во новата кампања на Шанел
•
18 октомври 2013
Габриел Коко Шанел во 1921 година го создаде Chanel No. 5, а Мерилин Монро беше голем обожавател на овој парфем, па дури имаше истакнато дека е единствено нешто кое го носи на себе во кревет. Бидејќи се наближуваат новогодишните и божиќни празници, модната куќа реши повторно да ја искористи Монро за профитирање на еден од најпознатите и најпродавани парфеми во историјата.
Фотографот Ед Фејнгерш има направено црно бела фотографија на која Монро на себе го нанесува познатиот парфем, а во продолжение погледнете го видеото за новата кампања во чија основа е токму новинарското прашање за тоа што носи на себе во кревет.