Видео: Кампањата за Chanel No.5 со Мерлин Монро

2 ноември 2013

Покојната Мерилин Монро едноставно блеска на одбраните снимки од неа што се дел од новата кампања за најдобро продаваниот парфем во светот Chanel No.5.

„Не сакам да спијам гола“, велела Мерилин кога ја прашувале за тоа со што најчесто сака да спие. Нејзината вистина всушност била дека таа сакала на себе единствено да го има неодоливиот Chanel No. 5.

„Знаете, ве прашуваат прашања како, што носиш кога одиш во кревет, дали носиш пижами, ноќница или било што“, изјавила таа во едно интервју за Мери Клер во април, 1960 година.

„Затоа, јас секогаш кажувам дека одам во кревет со Chanel No.5“, му појаснила Мерлин на новинарот што ја интервјуирал.

Ваквата изјава на Мерлин е вистински маркетиншки сон за француската модна куќа, која оваа година реши да го употреби нејзиниот разговор за нивната кампања за прекрасниот парфем.

Погледнете како изгледа кампањата за неодоливиот парфем со единствената Мерилин Монро.

Објавено:
2 ноември 2013
Категорија: 
Сцена