Мисиците оваа година нема да ги гледаме во бикини

17 август 2013

miss-world-2012-winner

За првпат во историјата на натреварите за Мис на свет, една земја од југоисточна Азија е домаќин - Индонезија. Ова е најголемата островска земја на светот и најнаселена со мнозинство на муслиманскиот свет. Џулија Морли, претседателката на организацискиот одбор на овој најпрестижен избор на убавина, одлучи да го уважи јавното мислење на жителите на земјата-домаќин, па оваа година мисиците нема да се претставуваат во костими за капење.

Но, тие не се единствени. Во бикини нема да се појават ниту натпреварувачките на хрватскиот избор за Мис. Сепак, тие нема да одат во крајност, па ќе се претстават во едноделни костими за капење и кафтан.

Објавено:
17 август 2013
Категорија: 
Актуел