Миу Миу отвори нов бутик во Хонг Конг

2 октомври 2013

Предниот дел на бутикот е изработен од кристали и метални паравани  креирајќи елегантна завеса, а внатре се наоѓаат предмети изработени од кожен материјал и најновите колекции.

Бутикот се наоѓа на површина од 190 метри квадратни, а е дизајниран од страна на архитектот Роберто Бациочиа, кој вметна доза префинетост во класичните елементи на брендот и иновативните детали. Разниот контраст дополнително го зголемува ефектот на светлиот плафон,излозите и мермерниот под.

Објавено:
2 октомври 2013
Категорија: 
Актуел