На најголемиот моден настан во Азија ќе се презентираат 1500 дизајнери и брендови

6 декември 2013

Еден од најмасовните светски модни настани, и дефинитивно најголем во Азија , е модниот саем организиран од Hong Kong Trade Development Council (HKTDC) во Хонг Конг во рамките на кој се одржува и модната недела. Настанот е закажан од 13-ти до 16-ти јануари 2014 година во Изложбениот центар во Хонг Конг и на истиот ќе се презентираат дури 1500 светски брендовим дизајнери и изложувачи од модната бранша.

Модно шоу пролет-лето 2013

 

Покрај тоа што ќе бидат претставени  последните трендови и иновации, исто така овој настан претставува многу успешна бизнис платформа за размена на идеи и искуства во областа на модната индустрија.

Настанот зад кој е запишана историја од повеќе од 40 години постоење, е категоризиран во неколку сектори меѓу кои и: женска, машка и облека за деца, уникатен накит, рачно изработени аксесоари, дизајнерска амбалажа на производи, чевли итн.

Саемот  е концептуализиран со цел на што поедноставен и практичен начин, потенцијалните купувачи да ја запознаат работата и производството на дизајнерите и брендовите.

 

Објавено:
6 декември 2013
Категорија: 
Актуел