Оскар де ла Рента и Прабал Гурунг на модна недела во Сингапур

30 април 2014

Модната недела во Сингапур која ќе поне за нешто помалку од еден месец, полека станува еден од модните настани што не се пропушта. Ќе ја отвори Прабал Гурунг, еден од најбараните дизајнери на денешницата, а честа да ја затвори припаѓа на Оскар де ла Рента. За разлика од Лондон, Њујорк или Париз, оваа модна недела е далеку повеќе посветена на пошироката јавност, а влезниците можат да се купат.

Прабал Гурунг Прабал Гурунг

 

Пред една година на истото место се појави и Питер Пилото со своја колекција. На најновото издание на светски познатите дизајнери ќе им се придружи и Кејт Босворт. После Хонг Конг и Шангај, Сингапур постепено гради статус на модна мека во Азија.

 

Објавено:
30 април 2014
Категорија: 
Актуел