Сваровски ја објави големата соработка за 2014

29 јануари 2014

Австрискиот бренд за накит, Сваровски објави дека за есенската колекција ќе соработува со 15 еминентни дизајнерски имиња. Прабал Гурунг,Родарте, Емилија Викстед, Алексис Мејбл и Ентони Вакарело се само некои од соработниците на Сваровски со кои имаат соработувано и претходно, вклучувајќи и тројца нови. Тие се Брендон Сан, кој има работено во студиото на Оскар де ла Рента, а досега има претставено самостојна колекција на модната недела во Њујорк во 2012 година.

 

Фјодор Голан е британски бренд, основан од дизајнерите Фјодор Подгорни и Голан Фридман, кои освоија модна награда во Лондон во 2011. И третиот, е брендот Соверио познат по неколку креации дизајнирани за Лејди Гага, како и по изработката на венчаницата на Џенифер Лорес.

 

Објавено:
29 јануари 2014
Категорија: 
Актуел