Млада фотографка од Бања Лука објави дело посветено на жените

10 декември 2013

dasha1

Даша Гајиќ е млада фотографка од Бања Лука, која најмногу се занимава со street style  фотографија, неодамна објави публикација посветена на жените од нејзиниот град, насловена како „Животот и творешвото на жените од Бања Лука“.

Гајиќ е и наша соработничка, па на нашиот протал во неколку наврати можевте да ја видите уличната мода токму од Бања Лука, а низ призма на нејзиниот објектив.

-Целта на ова дело е зачувување на сеќавањата на животите и творештвото на жените од Бања Лука, кои и покрај дејствувањето и општествената ангажираност останаа невидливи и речиси заборавени - изјави Гајиќ на промоцијата која се одржа минатата недела, а пренесуваат тамошните медиуми.

Мотото на публикацијата е: со зборот против заборавот, а своето место го најдоа 20 вонвременски жени од овој град.

Даша нагласи дека работата е посветена на жените кои се бореле за своите права, придонеле за својата заедница и градот, а истовремено и пркоселе и на патријахалнат средина и биле пред своето време.

Во продолжение погледнете дел од фотографиите на Гајиќ кои таа ги направи за Fashionel.mk.

9592297655_8aca5dc85d_c-595x650

banja-luka-girls-

banja-luka-girls-style

dasa

 

Објавено:
10 декември 2013
Категорија: 
Актуел