Промоција на „Street Style Banja Luka by Dasha Gajic“ во Сараево

28 април 2016

Нашата соработничка од Бања Лука, фотографката Даша Гајиќ, во вторникот ја промовираше својата книга „Street Style Banja Luka by Dasha Gajic" и во Сараево.

Книгата беше промовирана во музејот на современа уметност Ars Aevi, а на присутната публика ѝ се обратија книжевниот критичар и новинар Џорџе Крајишниќ и авторката.

Инаку оваа книга настана како резултат на долгогодишната работа на истоимениот блог каде авторката со фотографии ја документира уличната мода, а беше објавена во јуни 2015 година кога и за прв пат беше промовирана во Бања Лука.

Во април 2016 година Даша одбележа десет години од нејзината прва фотографија од уличната мода, фотографирана во Филаделфија.

Во продолжение правиме ретроспектива на фотографиите од „Street Style Banja Luka by Dasha Gajic".

 

Објавено:
28 април 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
83 пати