Неделава во Културниот центар „Banski dvor" во Бања Лука беше отворена првата самостојна изложба на фотографката Даша Гајиќ, а воедно и воопшто прва изложба на „street style" фотографии во Босна и Херцеговина.
Бројната публика имаше можност да види 34 фотографии што настанале во текот на изминативе пет години, а како посебно е издвоена првата street style фотографија што ја фотографирала Даша во 2006 година во Филаделфија.
Изложбата исто така е надополнета и со пет фотографии од циклусот „Riječi (ne) bole?!" со кои се става акцент на проблемот со вербалното насилство.
Даша Гајиќ е млада фотографка од Бања Лука, која се занимава со фотографии од улична мода. Инаку Даша со фотографија се занимава уште од дете, а во 2012 година го лансираше својот блог посветен на фотографијата од уличната мода. За брзо време, нејзиниот блог стана многу популарен и тоа не само во нејзината земја, туку и интернационално, благодарение на автентичниот град и приказните што ги раскажуваат неговите улици и луѓето кои живеат таму.