Мода, многу љубов и изненадувања денес во Елена Лука

14 февруари 2015

Љубовта се слави секој ден. Но, денеска ако вашата љубовна приказна ја раскажете преку креативна фотографија, тогаш Елена Лука ќе ве награди.

Модниот бренд денеска во својот продажен салон во City Mall организираше интересен настан на кој сите заљубени двојки кои се фотографираа во рамка-срце се потенцијални добитници на убави изненадувања.

Двојката со највпечатливата фотографија за која ќе гласате вие на социјалната мрежа фејсбук, ќе добие подарок со потписот на модната куќа.

Покрај тоа, во име на симболиката на денешниот ден, Елена Лука ве изненадува со големи попусти до 70% на сите свечени и коктел фустани во црвена боја. Па доколку сакате пријатно да ја изненадите вашата партнерка, се' уште имате време да и подарите уникатно дизајнерско парче кое ќе ја потсеќа на денешниов ден.

Единственото нешто што откако ќе го поделите се зголемува, е љубовта. Затоа споделувајте љубов!

Објавено:
14 февруари 2015
Категорија: 
Актуел