Од Њујорк се селиме во Лондон. Централното модно случување штотуку започна во главниот британски град. Како централна модна метропола, градот има да понуди богата програма од Лондонската модна недела, која ни малку не заостанува од онаа што беше во Њујорк. Со вкупно, 75 колекции за есен-зима 2014/15 од дизајнерски имиња и брендови, како од англиската модна сцена така и од останатите земји од светот, пет дена модниот фокус ќе биде во Лондон. Софија Вебстер, Темперли Лондон, Топшоп, Пол Смит, Red Label на Вивијан Вествуд, Метју Вилијамсон, Џонатан Саундерс, Антонио Берарди, Кристофер Кејн, Ердем, Барбери, Давид Кома, Том Форд, Симон Роша, се само мал дел од имињата, кои ќе имаат свое модно претставување на есенско-зимските колекции.
За почеток на модната недела, моментално во Лондон покрај презентација на колекции, Британскиот моден совет во соработка со Водафон, симболично го одбележува денот на вљубените. Сите присутни што ја празнуваат љубовта, имаат можност да го споделат со својот најромантичен стајлинг и да освојат вредни награди. Исто така, освен главните случувања од писта, отворен е и огромен showroom(изложбен салон) каде се поставени 150 колекции накит, а годинава 56 брендови за првпат се приклучуваат кон ваков тип на изложување. Градоначалникот на Лондон, Борис Џонсон вели:
-Лондонската модна недела е спектакуларена модна манифестација што го прави градот да биде многу возбудлив и диманичен, едноставно креативен. Пред нас се БАФТА наградите како и бритакските музички награди, затоа подготвени сме да бидеме во центарот на светот од повеќе културни аспекти, изјавува градоначалникот.
Иако сме далеку од Лондон, ние овие пет дена ќе ве донесеме поблиску преку сите информации поврзани со големото лондонско модно случување.