Ова се локациите на одржување на лондонската модна недела

22 јануари 2014

Месец февруари е резервиран за уште едно големо модно случување од  модните метрополи, а дестинацијата е Лондон.  Интернационалната уметничка галерија „Тејт Модерн“  и како што ја нарекуваат „Турбинската сала“ е местото каде ќе се одржат дел од ревиите на  познатите брендови и дизајнерски имиња.

 

Кејт Фелан креативниот директор на брендот Топшоп, кој ќе претстави своја колекција во рамките на модната недела и официјално ја објави локацијата, а со тоа открија каде ќе се стационира дел од големото случување.

 

Втората локација е изложбениот салон на Британскиот моден совет каде и во минатите години се одржуваше модната недела.

 

Колку за потсетување големото модно шоу во Лондон почнува на 14-ти февруари во 9 часот наутро, а завршува на 18-ти. Инаку, своите колекции за есен-зима ќе ги презентираат големи имиња како: Вивијан Вествуд, Дакс, Софија Вебстер, Темперли Лондон, Џонатан Сандерс, Кристофер Кејн, Ердем, Барбери, Том Форд и многу други.

Објавено:
22 јануари 2014
Категорија: 
Актуел