На 27-ми април 1981 година во Њујорк беше основана модната куќа „Карлоина Херера“. Десетици години подоцна, ова е еден од најпознатите и најпочитуваните американски брендови.

По тој повод, на дизајнерката ќе ѝ биде врачена наградата „Neiman Marcus Award“ за посебни достигнувања и импакт во модната индустрија. Пред неа оваа награда им беше врачена на Принцезата Грејс од Монако, Есте Лудер, Коко Шанел, Оскар де ла Рента, Џорџо Армани, Миуча Прада. Карл Лагерфелд е последниот на кој му беше доделена во 2013 година.

Освен оваа, на Херера ќе ѝ биде врачена уште една награда, и тоа од колеџот „Савана“ за уметност и дизајн во Џорџија, насловена како „Etoile Award“, со прикладна церемонија што ќе се одржи на 20-ти мај и која ќе биде отворена и за публиката.

Во чест на овој јубилеј, во галеријата ви претставуваме дел од работата на дизајнерката низ годините - 35 модели за 35 години, а и галерија со тоа како нејзиниот стил се менуваше:

Објавено:
28 април 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
269 пати