Ралф Лорен: Дизајнер кого колегите го нарекоа легенда

15 октомври 2013

ralphlaurenrodendan1 (1)

Познатиот дизајнер  Ралф Лорен вчера го прослави 74-от роденден. Тој е дизајнер кој влезе во модната историја како човек што на Америка и ја октри Америка. По повод неговиот роденден, ви презентираме дел од неговиот живот и кариера.

Роден е на 14.октомври 1939 година. Кон средината на 1960-тите Ралф Лорен, по враќањето од војска запишува  на колеџ, но многу бргу потоа се отпишува и како патувачки трговец почнува по цела Америка да продава женски ракавици и машки вратоврски. Тоа го води до најстариот моден синџир за мажи Брукс Брадрс, каде најпрвин продава, а потоа и дизајнира вратоврски но за компанијата Rivetz&Co.

ralphlaurenrodendan2

Инспириран од љубовта кон книжевноста и романот „Големиот Гетсби“ дизајнираше нешто сосема ново - широка машка свилена вратоврска. Со оглед на тоа дека тогаш во мода беа само тесни вратоврски, не го доби веднаш заслуженото внимание, се додека не го понуди својот производ на трговските куќи  Bloomingdale's и Neiman Marcus.

ralphlaurenrodendan4

Во 1967 година започнува со брендот Polo Fashion и го отвора истоимениот дуќан. Како заштитен знак го одбра спортот за кој сметаше дека е елегантен и кој за него го отелотворуваше безвременскиот стил. Паралелно со тоа, дизајнот на неговите вратоврски стануваа се попопуларни.

Година дена подоцна, претставена е и првата колекција Polo Ralph Loren, со тогаш непрепознатливото лого со поло играч на коњ. Широките панталони, лесни кошули и едноставни, но елегантни сакоа им се допаѓаа и на младите, но и на оние во позрелите возрасти.

ralphlaurenrodendan5

Во 1970-тата година ја доби својата прва награда од здружението на американските модни дизајнери за номинацијата во категоријата „Машка облека“, а година дена подоцна, ќе лансира и колекција со женска облека. Акцентот е ставен на памучните блузи кроени како машки кошули, на што го инспирирала неговата жена.

Во 1974 година му се остварува сонот. Paramount studios  го ангажира за дизајн на сите машки одела во филмот „Големиот Гетсби“. Исто така ќе започне и со развивање на други линии производи - очила за сонце, спортска облека, парфеми (од кои машкиот Polo ќе стане легендарен), детска облека и линија за млади.

ralphlaurenrodendan6

По речиси 10 години подоцна, тој е првиот дизајнер кој лансира колекција мебел и предмети за дом, а во 1998 година, тој е меѓу првите кои стартуваат со онлајн продавница на страницата polo.com.

Во 2007 година Здружението на американските модни дизајнери го прогласува за „модна легенда“, а на листата на Форбс е на 173-тото место на најбогатите луѓе на светот. До оваа година успеа да се искачи на 54-тото место со нето вредност од 7.7 милијарди долари.

Објавено:
15 октомври 2013
Категорија: 
Стории