Ралф Лорен без сомневање е најважниот дизајнер во историјата на машката облека. Покрај тоа што тој прави едни од најквалитетните парчиња во индустријата, особено e важен за модата поради неговата неограничена уникатност.
Тој буквално го трансформираше својот живот во големиот американски сон. Стана уште подобар и го продаде тој сон на секого, на англосаксонските протестанти, како неговата првична инспирација, па сѐ до децата од улиците на Бруклин од доцните 80 – ти.
Дизајнерот ги покани сите да учествуваат во остварувањето на неговиот сон, а впрочем и сите сакаа да бидат дел од реализацијата. Тоа сѐ уште е случај и денеска!
Ралф Лифшиц е роден на 14 – ти октомври 1939 година, во Минск, Беларусија како син на еврејски имигранти од Бронкс.
Откако завршил со служењето војска и се откажал од факултетот, Ралф започнал да работи како продавач на вратоврски во една компанија, каде иако му била одбиена идејата за лансирање негова сопствена колекција како „неисплатлива“, тој не се откажал од сонот, објави Esquire.
Во 1969 година, дизајнерот креираше линија вратоврски што беше продадена со брзина на светлината ширум светот.
Во 1971 – та година, Ралф Лорен ја отвори првата Поло продавница во Беверли Хилс, по што многу наскоро започна да изработува и костими за „Големиот Гетсби“ и „Ени Хол“.
Во 1972 – та година, тој ја вклучи поло маичката во неговата „Поло“ колекција и во тој момент, тој го освои светот!
Со постојаните култни парчиња со кои ја надградуваше колекцијата, меѓу кои и многуте спортски униформи за различни тимови, тој ги оствари американските фантазии кои многумина ги живеат и денес.
Она по што парчињата на дизајнерот се препознатливи и денес, меѓу другото е и неверојатниот квалитет на облеката во која уживаат буквално сите генерации.
Токму квалитетот е еден од критериумите поради кои дизајнерот е оценет како најдобриот креатор на машки парчиња во светот, но и човек кој на сите им покажа како се остварува големиот „американски сон“!