„Видете, јас сум во модниот бизнис, но и не сум“, вели Ралф Лорен - дизајнер за кој без да правите анализи знаете дека веќе 46 години е на самиот врв во Америка. Повеќе од 500 продавници во 80 земји, 23.000 вработени, околу 15 подбрендови, а минатата година оствари заработувачка од 6.9 милиони долари.
„Експресијата на самите себе е она што е кул. Со облеката што ја носите, вие сте дел од модниот бизнис исто така. Облеката говори за тоа кои и какви сте. Сигурен сум дека сите го имаат на ум тоа, нели?“, дополнува 76-годишниот дизјанер.
Тој исто така го илустрира она што го прави привлечен на милиони луѓе, дури и на оние на кои не им е важен култот за модата. Онаму каде што другите дизајнер се обидуваат да наметнат одредена естетиката на носителите на облеката, Лорен ги вклучува фантазиите и наљудувањата на народот, а потоа им овозможува, таа фантазија да премине во реалност.
„Јас живеам различни животи. Но, мојот продукт и јас сме едно те исто. Анти-мода мода, како и да сакате да ја наречете, но таа е нешто што ќе биде безвременско. Жените и денес ја сакаат и сакаат да се како Грејс Кели, нели?“, вели Лорен.
Можеби токму поради фантазијата која има голем удел во она што го работи, Ралф никогаш претерано не се грижел за реалноста. Кога ја дизајнирал својата прва „сафари“ хит колекција во 1983 година, тој не ни бил во Африка. Всушност и се уште не бил. Кога првпат ја посетил Англија научил дека реалноста може да биде разочарување. Растејќи во Бронкс во 1950-тите, тој бил наклонет кон стилот на „кремот“ на Англичаните.
„Кога прв пат отидов во Англија (во 1970-тите), бев вознемирен. Мислев дека ќе видам мажи со мустаќи во јакни, но всушност видов италијански костуми насекаде и смешна облека по излозите. Се шокирав. Тие мислеа дека италијанските работи се подобри од она што тие претходно го носеле. Затоа, се потрудив да вратам голем број од облеката за која луѓето мислеа дека е старомодна“ - раскажува Ралф, кого Форбс го вброи меѓу 200-те најбогати луѓе во светот.
Во 1987 година е опериран до тумор на мозокот, неколку месеци по неговото откривање и ја доби таа борба. Оттогаш е дел од акциите за борба против рак, особено ракот на дојка поттикнат не само од неговата борба, туку и од борбата на неговата пријателка и новинарка Нина Хајд, која за жал ја немала истата среќа како тој.
Освена на ова време, тој се присеќа и на училишните денови, а во рамки на тоа и на индивидуалноста која уште тогаш се истакнувала.
„Маалото во кое растев јас беше прилично тешко, проблематично. Имаше една област, Парквеј блиску до училиштата, каде што најчесто седевме и се дружевме. На некои од момчињата им се допадна тоа што јас го носев, на други не. Но, јас бев индивидуалец, атлета, па никој ништо не коментираше пред мене. Но, во секој случај, не се работеше за мажите, се работеше за девојките“, вели Лорен.
Неговата мајка Фрејдл и татко Френд емигрирале од Белорусија:
„Луѓето велеа дека татко ми е молер, но не беше. Тој ги бојадисуваше куќите кога не можеше да најде работа. Инаку, беше уметник. Животот со четири деца не беше многу лесен, па тој го правеше тоа што мореше. Сепак, со семејството поминувавме време во мало село во Монтичело, надвор од градот. Не беше многу, но го сакав тоа. Освен за спорт и филм, многу се интересирав и за облека, па еве ме денес“, раскажува дизјанерот.
По завршувањето на факултетот, работењето во Брукс Брадерс и времето поминато во Американската Армија, тој во 1964 почнува да работи како продавач на вратоврски. Присетувајќи се на тоа вели: Немав никакви акредитации, но бев добро облечен. Со последните пари купив облека од Brooks Brothers. И продавав вратоврски. Имаше еден Англичанец, кој имаше обичај да носи прекрасен шал, многу лежерно наместен. Често поминуваше од таму и ми се допаѓаше начинот на кој изгледаше, а еден ден ми го даде шалот, и се уште го имам“.
Како и да е, Лорен успеа како продавач, а успехот што го имаше во Америка, го инспирираше да се обиде да дизајнира вратоврски и за него. „Па ја прашав компанијата дали можам. Тие ми одговорија: „Светот не е подготвен за тебе Ралф“ - што беше добра причина да си заминам“.
Набргу го пронаоѓа произведувачот Сулка, и произведува за нив вратоврски широки 9 сантиметри, за тогаш непознатиот бренд Поло.
„Го сакав спортот. Крикетот особено и рагби. Но, никогаш не се пронаоѓав во бејзболот или кошарката“.
Но, и оваа „авантура“ заврши во 1967 година. Набрзо, тој пронаоѓа изработувач на маици, кој може да ги произведе јаките за кои Лорен мислеше дека најдобро ќе се вклопат во нивната форма, а потоа најде и произведувач на одела за кого ги доправуваше кошулите. Овој произведувач му позајми 50.000 долари, да започне своја компанија, па оттогаш до денес Ралф Лорен се ширеше, движејќи се од една во друга колекција.
Откако во 1971 година беше именуван за најдобар дизајнер за машка облека во Америка, Лорен ја создаде и првата колекција за женска облека, што на некој начин беше женска верзија на машката Поло маица. Дека навистина беа добри, обожувани и популарни, доказ е дека османаа и на филмското платно и тоа во филмовите на Вуди Ален (Дајан Китон во Annie Hall 1977), потоа Роберт Редфорд ја носеше во „Големиот Гетсби“. Првата продавница ја отвори во 1971 година во Беверли Хилс, а дизајните за филмовите, особено за Китон, му помогнаа да го дефинира лесниот женствен изглед во 1970-тите, кој се уште има влијание.
Во 1997 година компанијата на Лорен стана дел од акциите на Вол Стрит - 30 милиони акции, по 24 долари од парче. Инвеститорите што тогаш вложија - профилираа. Денес, акцијата е 12 пати поголема од тогаш, а после години експанзија под негово водство, компанијата се проценува на 14 милиони долари.
Сите животни ситуации ги дели со сопругата Рики, која ја запознал одејќи на лекар. Таа била асистент на докторот што го прегледувал, и како раскажува дизајнерот, повеќе пати влегла во собата, што го натерало да помисли дека и го привлекол вниамнието. Кога ја викнал да излезат на состанок, таа побарала совет од нејзиниот надреден. Комплетно неетички, тој го разгледал медицинскиот картон на Лорен и неговото семејство, со што таа се осигурала дека тој е сигурна „добивка“. Рики и Ралф стапуваат во брак осум месеци подоцна. Лорен се уште е во раната фаза на градењето на неговата модна империја, но интуицијата на докторот се покажа како добра. Нивниот брак и денес е солиден и цврст.
Среќа им предизвикуваат и синовите Ендрју и Дејвид, како и ќерката Дилан. Денес, Ендрју е филмски продуцент, а Дилан има синџир од четири продавници на слатки со име Dylan's Candy Bar, што содржат преку 7.000 селектирани лижавчиња, чоколади, што ги прави да бидат едни од најголемите во свет. А, секако покрај слатките има оддел и за облека. Само Дејвид е инволвиран во компанијата основана од неговиот татко. Тој е заменик претседател на компанијата и се грижи за маркетингот околу светот.
„Луѓето не се стари како што беа во времето на староста на моите родители на пример. Вкусовите на моите родители не влијаеа врз мене, но со мене и моите деца има комплетна поврзаност со животот. Годините денес не се исто што и порано.
Сепак, не било се сјајно во неговиот живот. Покрај болеста, тој неколку пати се соочил и со вистинска криза на бизнисот, па мислел дека ќе изгуби се.
„Почнав да чувствувам болка. Тоа може да биде и добра работа, но сепак, се уште не сакате да се случи. Знаете, јас ја изградив мојата компанија, и се уште ја има мојата порака. Јас доаѓам секој ден тука. Па, кога ќе ја видите новата облека што излегува, знаете дека е Ралф Лорен... Се трудам да останам во тек, да не бидам како вчерашни вести. Мора да се движите и да го држите мозокот отворен“, порачува дизајнерот.