Модната недела во Њујорк ги отвори вратите за Кабириа, брендот за облека наменета за жени со облини

11 септември 2013

Добрата вест на претстојната Модна недела во Њујорк која ќе трае од 5 до 12 септември, е што за прв пат се одржа првата ревија наменета за девојки и жени со облини. Бидејќи веќе години наназад овие дизајнери и модели стојат на маргините на манифестацијата, оваа година бевме сведоци на еден револуционерен настан, благодарение пред се на побарувачката на облека на американскиот моден пазар која ја надмина големината 42.

И не само брендовите, туку и модните блогери, како и големите синџири на продавници и дизајнери ја подржуваат оваа иницијатива за проширување на опсегот на големини, со цел да се опфати онаа групација на луѓе кои немаат идеални пропорции.

 

 

 

Кабириа е бренд кој призведува облека за луѓе која ја надминуваат големината на конфексцискиот број 44. Се работи за женствени парчиња облека кои се надополнети со трендовски принтови и дезени, кои во суштина ги имаат кроевите на последната мода само во малку попроширени димензии и големини. Кабириа беше првиот дизајнер кој во склоп на Мерцедес Бенз модната недела, заедно со уште пет други дизајнери, во рамките на шоуто кое се одржи во Линколн центарот на 6 ти септември ја прикажа својата колекција за жени со облини. Се чини дека модата сепак знае да отстапи од своите стандарди, начела и принципи, а и редно време беше!

 

Објавено:
11 септември 2013
Категорија: 
Актуел