Според најновите анкети и статистики на светските магазини и списанија, пазарот за жени со облини важи за најзапоставен сектор во модниот свет. Ако е тоа така зошто брендовите и модните куќи продолжуваат и понатаму да ги „занемаруваат“ потребите на полните жени.
Најновите селекции велат дека од 190 милијарди долари годишно потрошени на облека, само девет проценти потрошиле жените и девојките со вишок килограми. Според овие податоци изгледа дека модната индустрија повеќе внимание им посветува на послабите жени, отколку на оние покрупните.
Стереотипите околу тоа дека жените со облини не ги следат трендовите не ги стимулира компаниите кои произведуваат облека да креираат модни парчиња кои би им одговарале на овие жени, а истовремено тие да се во склад со тенденциите кои ги наметнува сезоната.
Затоа, Витни Томсон, plus size моделот за кој веќе пишувавме, поради недостаток на гардероба и избор на парчиња за покрупни жени, одлучи да дизајнира своја линија на облека која ја продава во својата продавница во Лондон.
Приказната за големината на облеката била осмислена уште во 1920-тите години, кога популарни беа каталозите и кога фабрички сошиената облека беше заменета со облека сошиена по мерка на клиентот. Кога станува збор за големината на градите, кај машките лесно можела да се одреди и горе-долу била иста, додека кај жените ова не е случај, бидејќи големината на градите кај жените континуирано се менувала.
Производителите во 1930-тите години дизајнираа облека со големини кои варираа од 42 до 52, но денес не е повеќе така. Со текот на времето броевите на облеката се намалуваа, но големината остануваше иста, па тоа на жените им креираше илузија дека можат да „влезат“ и во помало парче.
Денес сликата е малку поинаква, понудата на облека за покрупни жени е видно намалена.
„Ако понудата е побогата и различна, жените ќе трошат повеќе, а тоа на компаниите би им одело во прилог, во поглед на заработката, нормално“, изјавува Алисон Леви, стратег за малопродажба во консултантска агенција, и директен учесник во креирањето на анкетите.
Увидувајќи го овој проблем, некои брендови и компании се „освестија“, како што е случајот со H&M и почнаа во своите концепти да ја применуваат оваа стратегија за продажба на облека до број 44.
За разлика од нив Асос која е малопродажна компанија, има друга идеја која веќе неколку години супер функционира. Имено тие преку својот он лајн сајт ја промовираат линијата за крупни жени со ултра модерни дизајни кои опфаќаат големини од 42-52.
Сепак постојат голем број брендови и модни куќи кои се ограничуваат да произведуваат облека само до 38.
Производителите од една страна не сакаат да ризикуваат креирајќи облека за жени со облини. Голем дел од нив не можат да си дозволат да произведуваат облека сериски од најмалиот до најголемиот број. Покрај тоа, дизајнирањето на облека за покрупни жени е посложено, отколку дизајнирање облека за послаби, бидејќи не се работи само за големината туку и за формата, кројот и обликот.
Сепак, работите се придвижуваат кон подобро, со актуализирање на оваа тематика во модните кругови, па така сега постојат и модни дизајнери и брендови и модни блогови кои исклучиво се бават со креирање на облека специјализирана токму за жените и девојките со облини, нашиот портал е тука за да ви презентира најновите вести и информации поврзани токму со оваа проблематика.