На настанот покрај припадниците на сината крв присуствуваат и голем број селебрити личности од разни бранши. Иако манифестацијата од ваков тип наложува одреден дрес код, сепак не значи дека сите го избрале правилниот аутфит. Во продолжение погледнете ги модните погодоци и промашувања.
Погодоци
Олимписката велосипедистка Викторија Пендлтон носеше црн фустан со црвен принт и цветна шапка.
Кралицата Елизабета изглада елегантно во виолетовиот пролетен мантил, со црни чевли, чанта и ракавици.
Мери Бери на сите присутни им покажа дека едноставноста изгледа многу поубаво од целиот кич. Таа воодушевила со едноставниот стајлинг, без голема шапка само со ѓердан кој одлично се влопил во целосниот изглед.
Пејачката Пикси Лот која е позната по несекојдневниот изглед и честите експерименти на стајлингот, овој пат позититвно изненадила со елегантниот фустан со цветен принт, плик чанта, шапка со цвет и чевли со отворен прст.
Вилнелија Мерцед изгледала прекрасно во бело од глава до петици.
Музичката групa „The Tootsie Rollers“ изгледале прекрасно во монохроматските унифори.
Принцезата Ана изгледа одлично во пастелни бои со аутфит сличен како на кралицата Елизабета.
Принцезата Беатрис изгледала убаво во црниот фустан кој е широк од половината надоле и со едноставна мала шапка во беж боја за разбивање на монотонијата.
Промашувања
Лариса Катз од Холандија изгледала смешно со огромната шапка поради која морала цело време да стои понастрана од целата гужва.
Мими Теобалд решила да го облече костимот од нејзините некогашни аматерски театарски денови, па токму поради тоа се надеваме дека нареден пат ќе одбере аутфит кој ќе одговара за настан од ваков тип.
Џини Вилијамс е тотално промашување за овој настан. Костимот во кој изгледа како излезена од некој цртан филм со патриотска тема всушност повеќе би одговарал за празник од типот на 1 април.
Кинескиот модел Лин Вен направила лоша комбинација од монохроматски аутфит со шапка во вид на фризби
.
Луис Блек можеби и не би изгледала лошо доколку црвениот фустан не би имал толку длабоко деколте кое во прв план ги става нејзините гради.