Со 164 експонати, односно неконвенционални креации од славниот француски дизајнер Жан Пол Готје, патуваат во Мелбурн- Австралија. Поставката насловена „Модниот свет на Готје- од тротоар до модна писта“ претставува ретроспектива од четири децении работа на дизајнерот. После тригодишното патување низ светот, откако премиерно изложбата беше поставена во Канада, Готје одлучи поставката од својот дизајнерски труд да ја постави и во Мелбурн во Националната галерија Викторија. За сите љубители на модата, но и делата на славниот Готје, изложбата ќе биде отворена од 17-ти октомври до 8-ми февруари 2015 година. Дизајнерот во врска со големата изложба во Австралија вели дека многумина не ни претпоставуваат колку таа има големо значење за него.
-Во погдотовката на оваа изложба сфатив колку се големи и значајни моите конекции со оваа земја. Мојата прва клиентка беше Никол Кидман, ја имам облечено Кејт Бланшет за неколку прилики, тука е и Кајли Миног која е моја драга пријателка и често соработуваме на турнеи. Сум работел и со Гема Вард, Кетрин Мекнил и уште неколку Австралијки, изјавува Готје.
Инаку, во рамките на светската турнеја од изложбата, повеќе од милион посетители ја посетија во Монтреал, Њујорк и Лондон. Сепак, во Мелбурн ќе бидат поставени и креации кои досега не беа изложени во ниту еден град, вклучувајќи ги и оние кои последно ги претстави на писта од висока мода. Исто така интересно е што креациите ќе бидат поставени на кукли кои ќе бидат аудио-визуелно оспособени.