Наоми Кембел е модна икона на годината!

23 март 2018

Советот на американски модни дизајнери (CFDA), признанието за Модна икона за 2018 година, ќе и го додели на супермоделот Наоми Кембел.

Со оглед на тоа дека Наоми е присутна во модната индустрија уште како дете и буквално растеше и се оформуваше како модел во друштво на највлијателните модни имиња, оваа престижна награда не е изненадување.

Таа за медиумите изјави дека ѝ е голема чест што Советот ја препознал како модна икона и дека им е бесконечно благодарна на американските дизајнери кои ја поддржувале во нејзината кариера. Од прв црномурест модел што се појави на насловната страна на францускиот Вог, до вечна муза на бројни дизајнери, Наоми е вистинска дефиниција за супермодел.

Претседателката на CFDA, Дајан фон Фурстенберг по овој повод ќе изјави: Од детско чудо до божица на модата, Наоми е олицетворение на убавина, активизам и животна радост.

Со ова признание, Наоми се придружува на елитната листа на претходни добитнци на оваа награда: Ријана, Бијонсе, Кејт Мос...

Наградата официјално ќе ѝ биде доделена на 4-ти јуни, за кога е закажана и официјалната церемонија на CFDA наградите.

 

Објавено:
23 март 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
511 пати