Таа е една од најважните модни ликови во светот. Наоми Кембел е без сомнение една од најубавите жени на светот.
Годината која беше нејзина по сите модни правила е 1990-та. Таа година ги потпиша сите важни договори, се појави на сите влијателни модни списанија на насловните страни.
Покрај нејзината примарна професија како модел, денес Наоми е успешна жена во светот на бизнисот, a понекогаш сака и да се појави како актерка.
Наоми е родена во јужен Лондон 1970 година. На нејзина 18 годишна возраст ќе биде првиот црномурест модел на насловна на Вог, француското издание. Оваа насловна ќе и ја обезбеди кариерата засекогаш.
Кемпбел набрзо ќе им биде муза на сите значајни модни дизајнер како што се Версаче, Ралф Лорен, Ли Џинс. Во 2010т-а година ја прославува својата 25 годишна кариера во бутикот на Dolce & Gabbana во Лондон. Истата година подоцна ќе ја добие престижната награда, специјалното признание на British Awards каде ќе изјави:
„Неверојатно е чувството да бидеш одликуван од сопствената земја, тоа е огромна привилегија и јас сум горда Англичанка“.
Нејзиното богатство е проценето на 60 милиони долари и да, се уште е активна како модел, а многу често модните дизајнери ја покануваат на своите ревии.