Натали Портман прекрасна во Версаче на насловната на Ел

1 октомври 2013

Прекрасната актерка Натали Портман е лицето од насловната страница за ноември на британскиот Ел. Музата на Диор и првенката на Харвард едноставно изгледа волшебно во Версаче.

Во интервјуто за ноемвриското издание Портман говори за мајчинството, љубовта, неверството и социјалните медиуми.

Натали за неверството...

„Има еден момент од мојот филм Closer од 2004 година, што се уште ме допира длабоко дури и денеска. Имено, ликот кој го толкува Џад Ло, кој инаку ме изневери во филмот, ми вели дека не можел да си помогне себеси и морал да го направи тоа. Јас на тоа му реков: „Тоа е она што луѓето секогаш го кажуваат, но јас велам дека секогаш има избор“.

Натали за мајчинството...

„Едноставно обожувам да бидам мајка, но тоа е многу потешка работа од тоа да бидеш актерка – денеска, одењето на работа значи слободен ден за мене. Не е дека ми е потребен слободен ден од мајчинството, но пред да имам деца мислев дека мајките не работат. Но, тие работат многу повеќе од било кој друг“.

Натали за феминизмот...

„Би сакала жените и мажите да бидат подеднакво и родители и работници со полно работно време. Би сакала и жените и мажите да можат слободно да ја изразат својата сексуалност без притоа да бидат осудувани. Сакам тие да можат да бидат и среќни и тажни и силни и слаби во секое време. Приказната во Холивуд е дека ако една жена направи некоја феминистичка приказна, таа буквално ќе „растури“ и ќе победи. Но, тоа не е феминизиам, тоа е веќе мачо однесување. Еден филм за жена што е слаба и ранлива, слободно може да се нарече феминистички ако истиот покажува една вистинска личност со која може да сочувствуваме“.

Натали за Dirty Dancing...

„До денеска, тоа е филмот што го имам гледано најмногу пати во мојот живот. Не сакам да почнам да зборувам за филмот бидејќи можам да заплачам. Има и други филмови што ги сакам, но не постои таков што можам да го гледам без престан“.

Натали за социјалните медиуми...

„Денеска нашите животи буквално можеме да кажеме дека постојано се документирани, бидејќи е многу лесно со денешните Ајфони. Се прашувам како тоа ќе се одрази на целата денешна генерација. Морам да кажам дека јас апсолутно ја зголемив самосвеста за тоа како изгледам, одам, како се облекувам бидејќи постојано можев да се видам себеси како го правам тоа“.

Објавено:
1 октомври 2013
Категорија: 
Актуел