Алиша Кис: Што ако не успеам во мајчинството?

5 август 2019

Прекрасната Алиша Кис ќе ја краси септемвриската насловна на магазинот Harper’s Bazaar, а во интервјуто што ќе биде објавено во магазинот говори за мајчинството и како тоа ја променило.

Инаку, таа вчера ја прослави деветгодишнината од бракот со диџејот и продуцент Swizz Beatz со кого во моментов ужива на заслужен одмор.

Во интервјуто таа говори за тоа како нејзините две деца на возраст од осум и четири години целосно ѝ го промениле животот и начинот на кој размислува за нештата, но и се навраќа на некои од нејзините изјави поврзани со предизвиците на тоа да се биде мајка.

„Мајчинството ме натера да размислувам јасно и трезвено. Пред нив, не бев многу свесна за тоа како сакам да го поминувам времето и имав големо влијание од другите луѓе. По раѓањето на моите синови, се чувствував како да ја најдов мојата Северна ѕвезда. Работев поефективно“, вели пејачката и добитничка на 15 Греми награди.

Ова не е прв пат таа да говори за огромната љубов кон нејзиното семејство и за тоа колку истата е моќна и голема.

„Што ако не успеам во одговорноста кон моите деца, кон мајчинството? Што ако не можам да го правам ова? Веројатно не постои личност на светот што не си ги поставила овие прашања некогаш. Стравот од неуспех е тука. Но, јас одлучив дека ќе правам сѐ за моите деца, сето она што некогаш се борев да го направам за себеси: да се ослободам од сите околности што повеќе не ми се потребни“, напиша пејачката во една неодамнешна објава на нејзиниот Инстаграм профил.

Успехот на музичката дива е и повеќе од признаен во светот, па токму поради тоа магазин како Harper’s Bazaar ја одбра да биде на насловната страна за едно од најважните изданија во годината – септемвриското.

Многу наскоро се очекува Кис да ја добие нејзината ѕвезда на патеката на славните во Холивуд, а во интервјуто говори и за тоа која била инспирацијата зад некои од нејзините најголеми хитови.

„Поголемиот дел од моите песни вклучувајќи ги и A woman’s worth, Superwman, Girl on fire, беа напишани во моменти кога не се чувствував доволно вредно. Постоеја времиња кога не се чувствував воопшто расположена и морав да се потсетам себеси која сум и што заслужувам.

Покрај музичката дива, во септемвриското издание во кое магазинот смести исклучителни таленти и икони се најдоа и актерката Реџина Кинг, актерот Лакит Стенфил и други.

Септемвриското издание на магазинот се очекува да излезе во продажба на 20 – ти август.

Инфо и фото: Harper's Bazaar/ MARIO SORRENTI

Објавено:
5 август 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
452 пати