Не мерете ја вредноста на жената според облеката!

23 март 2015

terre_des_femmes_aotw

Кампањата Terre des Femmes (Земја на жените) веќе неколку дена е во центарот на светската јавност. Голем број медиуми ја проследија, бидејќи во пораката што ја носи „Не мерете ја вредноста на жената по нејзината облека“, се пронаоѓа секоја жена.

Кампањата се состои од графички приказ на предрасудите според висината на потпетиците, должината на здолништето или длабочината на деколтето. Така, во зависност од „сантиметрите“ жената е конзервативна, старомодна, здодевна, провокативна, дрска, „си го бара“, лесна девојка, ороспија.

terre_des_femmes2_aotw

Во модерното општество, жените честопати се третираат како објекти, а тоа може да се забележи и по рекламите, голите тела поставени на билборди, постери и слично.

Од друга страна пак, таквото поимање на женското тело, кај понежниот пол создава комплекси и оптоварување дека тие во секој момент треба да се комплетно средени. Привлечноста на жената многу често се искажува токму преку длабочината на деколтето, должината на здолништето или високите потпетици.

Рекламната кампања е поставена на интернет страната adsoftheworld.com, а токму предрасудите се во центарот на нивната порака.

terre_des_femmes3_aotw

Објавено:
23 март 2015
Категорија: 
Актуел