Неколку интересни факти за модниот стил на кралицата Елизабета Втора

9 септември 2022

Веста за смртта на кралицата Елизабета Втора вчера оддекна како вистинска бомба во медиумите и на социјалните мрежи. За време на нејзиното рекордно најдолгото владеење со британската монархија, модата, границите, комуникацијата и јавните обичаи во Британското Кралство доживеаја сеизмички промени.

Фото: Vogue

Во нејзина чест, се потсетуваме на кралицата како беспрекорен пример за чувство за стил и мода, преку неколку интересни факти за нејзината гардероба:

Кралицата е фотографирана како носи пантолони само еднаш. Единствениот пат кога кралицата беше фотографирана во панталони беше за време на Кралската турнеја низ Канада во 1970 година, кога еден млад кројач ѝ направи костим од мат свилени панталони во обид да го ажурира нејзиниот изглед. Очигледно, обидот беше неуспешенм а моментот стана забележан како единствениот пат кога кралицата носеше панталони во јавност.

Фото: Vogue

Кралицата имаше по еден чадор во боја кој ќе соодветсвува на каква и да е нејзината гардероба тој ден.

Фото: Vogue

Кралицата беше љубител на Launer чанти. Нејзиното Височество поседуваше над 200 Launer чанти - британски бренд чии дизајни се продаваат на мало до 1000 долари. Според The Telegraph, нејзините омилени стилови биле Royale и Traviata благодарение на нивните долги рачки.

Фото: Vogue

Нејзината шапка не смеела да биде премногу широка. На омилената шапкарка на кралицата, Рејчел Тревор-Морган, ѝ било кажано да направи шапки што не го покриваат нејзиното лице и не се премногу високи, инаку би можеле да се заглават кога таа ќе излезе од нејзиниот автомобил.

Фото: Vogue

Носеше само ракавици со одредена должина. И тоа 15 сантиметри, ни помалку, ни повеќе.

Фото: Vogue

Таа ги носеше само шаловите на Хермес.

Фото: Vogue

Работ на нејзините фустани секогаш паѓаа под коленото.

Фото: Vogue

Персоналот на кралицата водел посветен дневник за гардероба на кралицата. Б иле направени сите напори за да се осигура дека кралицата Елизабета нема да ги повтори облеките, а кога го направеше тоа, дефинитивно било претходно планирано.

Фото: Vogue

Кралицата беше обожавател на Гучи.

Фото: Vogue

Во документарниот филм „Кралицата" беше откриено дека вистинската причина зошто таа претпочитала гардероба во светли бои била затоа што постоела можност да не биде забележана во длабоката толпа.

Фото: Vogue

Вистинската причина поради која кралицата многу ретко беше видена без бисери околу вратот е затоа што тоа е традиција на кралското семејство.

Фото: Vogue

Објавено:
9 септември 2022
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
4.368 пати