Нелсон Мендела замина додека траеше премиерата на филмот посветен нему

6 декември 2013

nelson-mandela-004

Во Лондон вчера се одржа премиерата на филмот посветен на легендарниот Нелсон Мендела, наслолвен како „Мендела: Долгиот пат до слободата“. Принцот Вилијам и Војвотката од Кембриџ, Кејт присуствуваа на премиерата, како и ќерките на Мендела, Зиндзи и Зенани, а секако меѓу присутните беа и главните актери Наоми Харис и Идрис Елба .

Се започна убаво, гламурозно и со голема доза на возбуда кај сите присутни. Среќни поради тоа што макар на момент можеле да влезат во светот на Нелсон, но и со голема доза на одговорност и неизвесност за критиките, тимот и присутните се упатија да го погледнат остварувањето.

Но, гламурозниот почеток, се претвори во неизмерно тажен крај. Премиерата беше прекината со вестта за смртта на Мандела, кој на 95-годишна возраст починал во неговиот дом.

Филмскиот продуцент Харви Вајнштајн пред да замине од премиерата изјави: „Една од привилегиите да се прават филмови е можноста да ги направите бесмртни они што направиле многу за човештвото и хуманоста. Се сметаме за неизмерно среќни што ја направивме приказната на Нелсон Мендела и неговото наследство бесмртни“.

Ќерките на Мендела исто така беа возбудени што ќе видат уште нешто од неговиот татко, за кого изјавија дека се чувствува добро. Оттаму уште поголемиот шок од новите, тажни вести.

Иако тие веднаш заминаа од премиерата, изјавија желба „ Долгиот пат до слободата“ да продолжи.

Оваа премиера стана невообичаена и мошне емотивна.

И главниот актер Идрис Елба, кој го толкува токму ликот на Мендела не можеше да ги сокрие солзите.

„Каква чест беше што имав можност да „влезам во чевлите“ на Нелсон Мендела и да бидам дел од портретот на човекот кој ги сруши границите и се избори за човековите права пред очите на светот“.

Објавено:
6 декември 2013
Категорија: 
Актуел