Ненад Секирарски ќе учествува на Фешн Селекшн во Белград

4 октомври 2013

nenad

Од 8-ми до 20-ти октомври ќе се одри 23-от по ред Фешн Селекшн во Белград, на кој ќе се претстави и нашиот дизајнер Ненад Секирарски.

Иако нема да го видиме на модната недела во Скопје, Ненад своите креации ќе ги претстави на модната манифестација во соседството.

-Веќе неколку пати учествував, па некако и стана традиција моето претставување таму, а така ќе биде и оваа година - изјави дизајнерот.

Од колекцијата на Секирарски есен-зима 2012/13 претставена на Фешн Селекшн Од колекцијата на Секирарски есен-зима 2012/13 претставена на Фешн Селекшн

Инаку, пристутните на оваа манифестација ќе можат да ги видат најновите колекции и трендови за претстојната модна сезона. Главниот дел од програмата ќе се одржи во „Белекспоцентар“, а ревиите ќе се одржат во „Ателје 212“, Академија Дел Лусо и клуб „20/44“.

Но, пред почетокот на Фешн Селекшн, белграѓани ќе имаат можност во недела да бидат дел од традиционалниот есенски Фешн најт. Годинешната тема ќе биде театарот, па на четири модни ревии, со учество на познати глумци и танчери, ќе бидат прикажани нови есенски колекции на брендовите што можат да се најдат во овој трговски центар.

Манифестацијата ќе биде отворена со ревијата на Звонко Марковиќ инспирирна од Софија Лорен. Покрај Секирарски, кој веќе ни најави дека најновата колекција е инспирирана од  ФАДО-то како филозофија, емоција и поглед кон животот, па неговата жена во новата колекција е Жена чие срце пее фадо, ќе се претстават и Марина Миловановиќ, Василије Ковачев, Вера Вајг (дизајнерка од Виена) и многу други.

Објавено:
4 октомври 2013
Категорија: 
Актуел