Ревија на Секирарски во Театро

19 ноември 2013

nenad

Нашиот дизајнер Ненад Секирарски во четврток својата колекција за есен-зима 2013/14 ќе ја претстави и пред македонската публика. Секирарски ја презентираше оваа колекција на белградскиот Фешн Селекшн минатиот месец, со што одбележа и 20 години успешна кариера, а сега неговата работа ќе има можност да ја видат и домашните љубители на модата.

-Колекцијата ја сочинуваат 15-тина парчиња свечени и коктел тоалети. Во најголем дел се работи за фустани, но има и поединечни делови како здолништа и блузи. Уживам во вечерните фустани и чувствувам дека тука најдобро ја изразувам својата креативност и енергија, која секако ја препознаваат и моите клиенти - ни изјави дизајнерот при подготовката на колекцијата.

Како и многу пати досега, инспирацијата е фадото како философија, емоција и поглед кон живот.

-Мојата жена во новата колекција е Жена чие срце пее фадо - вели Секирарски.

Ревијата ќе биде презентирана во клубот Театро, со почеток од 21.30 минути.

Објавено:
19 ноември 2013
Категорија: 
Актуел