Николас Гескер официјално е наследникот на Марк Џејкобс

5 ноември 2013

Поранешниот дизајнер за Баленсијага ќе го наследи местото на Марк Џејкобс кој по 16 години го напушти Витон за да креира сопствена дизајнерска линија.

„Луј Витон  отсекогаш претставувал симбол на луксуз и иновација.  За мене е голема чест да бидам дел од модна куќа која од ден на ден пишува нова историја, а предноста е во тоа што споделуваме заеднички интереси“ – изјавил Гескер

Витон и Гексер ќе вдахнат модерна креативна визија во новите колекции каде акцентот пред се ќе биде ставен на квалитетот.  Од Николас се очекува да продолжи со успешната работа  и да воспостави нови успеси во Витон на ист начин како што тоа го правеше во Баленсијага.

Објавено:
5 ноември 2013
Категорија: 
Актуел