Николас Гескер ги откри идните планови за Луј Витон

13 март 2014

„Не заборавајте дека тоа што денес се смета за безвременско,  некогаш претставувало новитет“ – вели дизајнерот додавајќи – „За мене интересно во модата е тоа што е рефлексија на нашето време. Луѓето претходно ме дефинираа како футуристички дизајнер, но иднината не е за мене. Во тој правец ќе се движат и моите колекции за Луј Витон“.

Дизајнерот открил дека отсекогаш знаел што сака и дека амбициозноста дорпинела денес да го живее својот сон. Тој за себе си зацртал цел дека до 18 годишна возраст ќе биде дел од тимот на Жан Пол Гојте и упорноста му се исплатила.

Извршниот директор на Луј Витон, Мајкл Бурк смета дека Николас бил вистинскиот избор за модната куќа – „ По заминувањето на Марк Џејкобс ние имавме обврска да најдеме дизајнер кој ќе продолжи со успешната работа, а Николас Гескер беше најдобрата замена“.

Карл Лагерфелд за него изјави – „Николас ќе мора од ново да се пронајде себе си, но тој е талентиран и одлично ќе се вклопи во Париз“. Од друга страна, Кетрин Денев додава -  „Тој е цврст и интелегентен. Мислам дека нема да се откаже од работите кои искрено ги сака“.

Симпатиите кои кон него без резерва ги покажуваат модните ветерани, дополнително му го отвораат патот до остварувањето на неговите амбиции.

Објавено:
13 март 2014
Категорија: 
Сцена