Нова тужба за Долче и Габана
•
23 јули 2013
Американскиот актер Питер Фонда го тужи италијанскиот бренд Долче и Габана 6 милиони долари, откако на маички како принт без одобрение е употребено лицето на актерот со сцена од негиовиот филм „Easy Rider“.
Случајот на Фонда е сличен со оној на пејачката Ријана која го тужеше Топшоп поради истиот случај со употребата на нејзиниот лик аплициран на маички од производителот без дозвола. Лицето за односи со јавност на Доменико Долче и Стефано Габана засега нема коментар за случајот. Инаку, минатиот петок девет продавници на брендот во Милано беа затворени во знак на протест поради осудата на 20 месеци затвор за затајување данок.