Обама го носел истиот смокинг сите осум години!

8 јуни 2017

Иако веќе некое време тој не е претседател на САД, сепак, луѓето во ниту еден момент не престанаа да го обожаваат.

Барак и Мишел Обама дефинитивно ќе останат запаметени како една од најстилските двојки во Америка, особено поранешната прва дама.

Во нејзиното обраќање на конференцијата на Ејпл, раскажувајќи за годините што ги поминале во Белата куќа, посочи дека една работа навистина не била фер.

„Во текот на сите осум години, тој го носеше истиот смокинг што и да правевме. Дури и истите чевли. Јас бев постојано на мета за тоа каков фустан носам, какви чевли, каков накит и сѐ останато“, изјави поранешната прва дама со смеење.

Таа додаде дека во текот на осумте години, никој не го коментирал тоа, а сите зборувале за тоа што таа го носи.

Поранешниот американски претседател немал никаков проблем со тоа што постојано го носел истиот смокинг и чевли, објаснува Мишел.

„Тој беше горд на тоа и постојано низ смеа ми велеше дека е готов пред мене. Ми потенцираше дека му требаат само десетина минути да се подготви, а на мене многу повеќе“, вели Обама.

Додека таа говореше за нејзиниот сопруг, беше прикажана и фотографија на која се гледа како го дотерува нејзиниот сопруг.

„Се сеќавам дека само стоевме таму и чекавме да пристигнат автомобилите и ми здодеа и си реков дека треба да се погрижам мојот сопруг да изгледа добро и така му ја поправив вратоврската“, раскажува таа.

Фото: Getty Images

Објавено:
8 јуни 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.359 пати
Извор: 
Harper's Bazaar