По тој повод на плоштадот во Скопје настанот беше одбележан со перформанс со наслов „Крзното е шема за пештерска жена“ , а целта е да се подигне свеста на граѓаните особено на македонската жена како најголем потрошувач, како и да се развие емпатијата за помош на оние на кои им е најпотребна.
Модниот портал fashionel претходно објави текст во кое го наметна прашањето за тоа дали граѓаните би биле спремни за замена на природното со еко крзното. „Со постоењето на што поголем број организации мислам дека свеста кај луѓето полека почнува да се подигнува. Во оние кругови каде што ние циркулираме пред се на фан страните на социјалните мрежи, имаме околу 50 000 следбеници што не е мала бројка за една ваква кауза која е релативно нова кај нас. Се надеваме на уште поголема подршка, бидејќи нема ништо лошо во тоа да се почитуваат правата на животните, а почитувањето на нивните права директно води кон ненасилство врз луѓето“ – изјави Драгана Велковска, член на здружението за заштита на животните „Еден“.
Македонија е дел од земјите каде што е забрането одгледување на животни за производство на крзно, но за сметка на тоа увозот на истиот производ е во нагорна линија. Начинот на убивање на животните за употреба на нивното крзно ги надминува сите граници на нормала и е само уште еден пример дека човекот е најголемиот предатор во природата. Токму затоа е потребно граѓаните да се информираат за цената која невините животни ја плаќаат за тие да го украсат своето тело, а од друга страна е загадувањето на животната средина со исфрлање на нивите трупови. Најблизок пример за тоа е Хрватска која важеше за една од главните земји за производство на крзно на светскиот пазар, а сега е во тек забраната за производството на крзно од визон, кое неминовно ќе води кон забрана за целосната индустрија за производство на крзно. Причината е дека околу 90% од работниците добивале некаква форма на канцерогено заболување. Исто така, според едно истражување во Атланта е забележано дека луѓето кои живеат во близина на фарми каде што се одгледуваат животни за производство на крзно, имаат 5 патипати поголема инциденца на леукемија во споредба со националниот просек.
Израел е една од земјите каде е подигната иницијатива за целосна забрана на производство, увоз и продажба на природно крзно, а Драгана истакна дека токму ваквите иницијативи и перформанси се со цел да е направи чекор напред во спроведувањето на истата иницијатива . „Во Македонија со законот за заштита на животните е забрането производството на природно крзно, а се надеваме дека во догледно време ќе се забранат узовот и продажбата на истото“ – дополни Драгана.
Средствата од настанот ќе бидат наменети за помош на бездомните животни која е и една од приоритетните цели на овие здруженија.