Откриена е првата фотографија од новиот проект на Стивен Клејн

22 јули 2014

Дизајнерот Ели Тахари ќе ја прослави 40 годишнината од својата работа со лансирање на рекламна кампања за есенската колекција со наслов „The Perfect Storm“. За фотографиите е заслужен Стивен Клејн , а како заштитно лице во кампањата се појавува манекенката  Хилари Рхода и тоа во четири драматични временски сцени – со бранови, молња, темни облаци и црвено небо.

Целата фотосесија ќе биде објавена на 11 август на многу иновативен начин, односно на  Weather Channel. „Кампањата ќе биде вистинска совршена бура, а можноста да соработувам со Стивен Клејн е дефинитивно еден од убавите моменти во мојата кариера“ – изјави Тахари.

Објавено:
22 јули 2014
Категорија: 
Актуел