Откриена првата кампања на Баленсијага под креативно водство на Александар Ванг
•
30 август 2013
Рекламната кампања за есен-зима 2013/14 е првиот визуел на славниот бренд откако по 15-годишното владеење на Никола Гескиер за креaтивен директор и главен дизајнер е назначен Американецот Александар Ванг. Моќни, мрачни и драматични, црно-белите фотографии на Стивен Мајзел изгледаат како филмски кадри, а според зборовите на Ванг направени се со многу емоции, како контраст на суровоста од модната ревија за истата колекција. Заштитно лице на рекламата е супермоделката Кристен Мекменами.