Отворен повик за Slowscapes 5 – Изложба на македонска еколошка мода и дизајн

27 јули 2022

Повик до дизајнери чија работа се базира на еколошки и одржливи практики

Повикот е отворен за сите дизајнери на мода, модни додатоци, накит и дизајнерски производи и услуги со одржлив и еколошки карактер. Стручна комисија ќе ги разгледа апликациите и ќе ги одбере учесниците на шоурумот за еколошка мода и дизајн „SLOWSCAPES 5".

Рокот за пријавување е до 10 септември 2022.

Изложбата ќе се одржи од 28 септември до 2 октомври 2022 година во КСП „Центар- Јадро" во Скопје.

Сите информации за повикот и начинот на аплицирање може да се најдат на вебсајтот https://slowscapes.mk/.

„Slow fashion" e алтернатива на брзата мода и се заснова на принципи како добар квалитет, чиста средина и фер однос кон клиентите и работниците.

Стручното жири кое ќе ги определи учесниците на оводишното издание е составено од Драган Христов (основач на Slowscapes и модниот бренд Лудус), Ѓорѓе Јовановиќ (визуелен уметник и програмски кооординатор во КСП „Центар- Јадро") и Снежана Јаначкова Богдановска (моден новинар и моден критичар).

 

 

Објавено:
27 јули 2022
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
105 пати