Оваа сабота граѓаните ќе уживаат во првиот „Скопски цветен фестивал“

13 мај 2014

На 17 – ти и 18 – ти Мај, Градскиот парк ќе биде местото каде ќе можат да се видат најубавите цвеќиња на светот!

Токму таму, во близина на „Паркот за миленици“ ќе се одржи првиот „Скопски фестивал на цвеќето“ во чии рамки ќе има креативни работилници каде студентите од Технолошко – металуршкиот факултет ќе создаваат креации инспирирани од цвеќиња, различни анимации, иновации и идеи.

Во рамки на фестивалот ќе има и забавен дел каде сите граѓани ќе можат да ги погледнат цветни перформанси, да вежбаат јога, аеробик, зумба, да слушаат убава музика, а и да си организираат еко – пикник.

Токму таму, ќе се најде и зона за промоција каде познати цвеќари и фирми за хортикултурно и пејсажно уредување ќе изведуваат мини градини.

Во овој дел граѓаните ќе можат и да купат цвеќе по намалени цени и тоа: сезонско цвеќе од 25 денари, резан цвет од 40 денари, саксиско цвеќе од 95 денари, различни цветни аранжмани и букети по цена од 100 денари.

Првиот „Скопски цветен фестивал“ ќе почне на 17.05.2014 година (сабота), во 10 часот, со цветно дефиле во кое ќе учествуваат 500 деца, а ќе тргне од плоштадот „Македонија“ и ќе се движи кон Градскиот парк.

Официјалното отворање на фестивалот е закажано за во 12 часот, на просторот наспроти „Паркот за миленици“, во вториот дел од Градскиот парк.

Објавено:
13 мај 2014
Категорија: 
Актуел