Парфеми за кои не сте знаеле!

4 април 2017

Што е „niche“ парфимерија? Овој француски збор ни опишува мал, стуткан простор. Оваа линија на парфеми е спротивна на сите комерцијални парфеми што ги сретнувате насекаде. Во последните 15 години свесни сме за масовно производство на дизајнерски парфеми, парфеми со потпис на славни пејачи, актери и нивната достапност. Кога станува збор за „niche“ парфемите, овој атрибут се користи за мали парфемски куќи кои не се дел од големите корпорации и за своите парфеми користат ретки, природни, скапи компоненти и уживаат во својата уметничка слобода.

Овие парфеми не може да ги најдете во големи парфимерии.


Квалитетот на состојките како и есенцијалните масла и нивниот постојан мирис е само една од карактеристиките кои ги одвојува „niche“ парфемите од комерцијалните мириси.

Доколку не сакате да имате нешто слично со некој од вашата околина, не ги следете трендовите, не правете компромиси, не ја следите толпата, вие сакате вашата појава да има што поголем личен печат, тогаш вашиот избор се „niche“ парфемите.


Во асортиманот на парфимеријата Анабела во Сити Мол, Скопје  може да ги најдете следните брендови:

Histoiries de Parfums - бренд кој раскажува приказна за ликови кои означуваат одреден историски период, велат дека се мириси кои се читаат на вашата кожа.

The Different Company - референтен бренд на современата француска парфимерија и модерен пристап во креирање на мириси, го слави задоволството на сите сетила, убавина спакувана во шишенце со едноставен дизајн.

MMicaleff – зад ова име стои Мартина Микалеф, сликарка и вајарка.


Parfums de Marly – современа парфемска куќа која со својот концепт повторно ги оживува сеќавањата на Луј XV и неговата страст кон коњите.

Amouage – основач на овој луксузен парфемски бренд е Султанот од Оман кој сакал да се обнови уметноста на ориенталните парфеми со користење на традиционални состојки со потекло од Блискиот исток како што се темјан, агар и мошус.

Perris Montecarlo - фамилијарна парфемска куќа која е основана во Монако 1981 година и ја поседува една од најстарите парфемски компании House of Houbigant .


Tiziana Terenzi – италијански семеен бренд со традиција преку 40 години. Сопственици на овој бренд се сестрата и братот Тицијана и Паоло Теренци.

Juliette has a Gun – Романо Ричи, внукот на Нина Ричи, ќе формира сопствен бренд со необично име инспириран од Шекспир и трагедијата на ликовите од пиесата Ромео и Јулија, со тоа што модерната Јулија е вооружена, но со романтично чувство како и автентичниот лик.

Jean Patou – една од најстарите парфемски куќи. Овој парфем бил омилен на Џеки Кенеди.


Bond No9 – овој мирис е инспириран од Њујорк, неговите знаменитости, градските точки на овој дел од светот.


Xerjoff – колекција која е фокусирана на уметноста и вештината на изработката на колекција парфеми од страна на La Fabrica di Profumi C.

Casamorati - е омаж на изгубеното наследство кое се комбинира со најквалитетни сирови материјали и современ пристап во креирањето на парфеми. Нивното Art Nouveau пакување е одраз на фузија со природата, страста и уметност во секое шишенце .

Escentric Molecules – парфимерија како уметност на комбинирање на хемиски елементи. Парфеми креирани како бинарни парови, а секој пар претставува и го истаржува квалитетот и аромата на секој еден молекул на два начини. Овие мириси ги карактеризира минималистичкиот пристап затоа што не содржат друг мирис освен на еден единствен молекул.

Houbigant – француска куќа основана 1775 година. Поголемиот број на парфеми се продавани на француската аристократија и најпознатите имиња на Франција во тоа време. Секако дека најпознато име било Марија Антоанета, а ги обожувале и англиската кралица Викторија, Наполеон и рускиот цар Николај II.

Majda Bekkali – „niche“ линијата лансирана 2010 година под името Sculptures Olfactives со седиште во Париз.

Majda Bekkali Sculptures Olfactives се мириси кои се создадени во соработка со познатите Бертранд Душафур, Доротеа Пиот, Марина Јунг Алегре, Сесил Зарокијан и Делфи Тиери.


Roja – Роја Доув е парфемски експерт, маестро на парфемите и еден од најпознатите парфемски „носови“, парфемски академик, историчар и автор. Roja Dove Haute Parfumerie ќе ја отвори на петтиот кат во лондонскиот Хародс во 2004-та година. Во 2007-та ја претставува колекцијата под името "The Trilogy". Мирисите Enslaved, Unspoken Scandal ги претставуваат неколкуте основи на женскиот парфем –ориенталот, флоралот .

Nasomatto – Алесандро Гуалтери ја започнува својата кариера како студент на историја во парфемски техники во Германија. После помината една година како креатор на парфеми во Фенди, Версаче, Хелмут Ланг и многу други, се одлучува да започне нова авантура и да лансира сопствена линија на парфеми .

Неговата философија се состои во тоа што сетилната перцепција на човекот е главен катализатор на сите постапки и како резултат на ова размислување создава мириси кои даваат чувство на сила и ја потикнуваат харизмата.


Спонзорирана објава 

ИТ козметикс 

 

Објавено:
4 април 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
822 пати