Луксузен парфем е многу повеќе од формула која ќе ја напрскате набрзина наутро пред да излезете од дома или пак да го носите на себе како фамозен краен финиш пред вечерното излегување. Тоа е мирисна сензација од комбинација на ретки состојки кои се испреплетуваат меѓу себе, создавајќи незаборавно олфлакторно искуство.
Во буквален превод од англиски јазик, Creed значи вероисповед, или накратко вера.
Niche парфемскиот бренд не го носи името заради тоа, но тешко дека станува збор за случајност, иако всушност станува збор за презимето на основачот на куќата.
Најстарата и веројатно најтаинствена парфемска куќа на светот, е основана во Лондон пред повеќе од 260 години: оваа неверојатна приказна датира од 1760 година кога пар најфини ракавици стигнуваат од кралот Џорџ III, со мирисна посвета на новото лондонско кројачко ателје кое го основал Џејмс Хенри Creed истата година кога младиот крал го започнал своето владеење. Одушевен од парфимираниот асесоар, крачот лично го охрабрил Џејмс да влезе во работата со мириси и така настанал Royal English Leather, раскошна мешавина на килибар, мандарина и сандаловина.
На лично барање на Наполеон III и Евгенија, Џејмс својата работилница на исконски луксуз ја сели од Лондон во Париз во 1854 година. Со тоа, за тоа време крајно нетипичен потег, станува официјален снабдувач на кралското семејство – крунисувајќи ја меѓународната репутација на незаменливо име за беспрекорен крој и најретки парфеми. Тактот и дискрецијата со која ателјето Creed се обраќа на аристократијата, угледното население и секако кралството станува карактеристичен потпис кој брзо пораснал во статус и портфолио. Останатото е легенда која се пренесува низ седум генерации, низ кои настанале повеќе од двесте неодоливо луксузни мириси.
Традицијата која не се менува, односно тајните и ретки состојки подеднакво привлекуваат внимание на искусните обожаватели на niche идеологијата на дигиталното време како и времето на влијателните господа во времето на Џејмс.
Денес, со универзумот на Creed управува наследникот на Creed лозата, Оливер Creed заедно со својот син Ервин.
Неуморната потрага за инспирација и славната индивидуалност ги води на различни краеви на светот каде ги бираат најдобрите есенции за следните парфемски откритија: роза од Турција и Мароко, фирентинска перуника, бергамот од областа Калабрија, освежувачки ветивер од Хаити и бурбон ванилата... тоа се само некои од состојките кои сведочат за посветеноста и исконскиот талент.
"Нашите креации се патешествие низ времето, како мост меѓу генерациите, затоа што минатото ја отелотворува нашата иднина" вели Ервин Creed. Она што Creed го квалификува за дефиниција "Luxury Artisan" парфем на иднината е истрајноста и поврзаноста на традиционалните занаетчиски методи вклучувајќи ја и со векови старата техника "инфузија" која многу модерни парфемски куќи ја исфрлија поради намалување на трошоците.
Познати се по својата техника на обработка на сирови материјали така што во процесот на формулација на мирисни композиции не користат синтетички замени. Спротивно на тоа, куќата Creed гордо создава niche парфеми со "Millesime" квалитет од својата фамилијарна фабрика во Fontainebleau, предградие на Париз. Секој Creed парфем е и ден денес филтриран, амбалажиран и обележан рачно како би пружил вистинско вредно искуство на почитувачите на куќата.
Процесот е макотрпен, но Creed се раководи со знаење и пефекционизам, вонвремески, но сепак модерен поглед на историјата, во својата суштина. Затоа не е чудно што Creed низ генерацијата (фамилијарна и парфемска) привлекува внимание и интересирање на славната клиентела како членовите на кралските и претседателски фамилии– од кралицата Викторија до Кенеди и Винстон Черчил.
Веројатно ниеден друг бренд не е толку застапен меѓу ѕвездите во Холивуд, Creed парфемите заземаат полици исклучиво во еминтентни niche парфимерии како што е Belodore кај нас, каде е сѐ во знакот на престижот на убавина и едуциран луксуз.
Овожаван меѓу клиентелата е овошно - мошусниот Aventus кој е инспириран од животот на Наполеон Бонапарта. Иконичен, плени со внимание - се обраќа на мажите кои сакаат одважен, асертивен мирис. Горните ноти на Aventus се преполни со овошна свежина која ја даваат црната рибизла, јаболко, ананас и бергамот. Во средните ноти се чувствуваат слатка арома на роза, бреза, чистотата на марокански јасмин и интензивните пачули. Композицијата ја затвора мирис на прачки мов, ванила, мошус и амбер.
Мишел Обама и Анџелина Џоли го користат Love in White - еден од скапоценостите на куќата кој е инспириран од патувањата и направен од состојки кои Оливер лично ги собрал од пет континети за време на своите авантури. Мирисот се отвара со арома на портокал, средни ноти се ориз, египетски ирис, јасмин од италијански морски крајбрежја, нарцис од француска ревиера, магнолија од планините во Гватемала и бугарска роза. Базата на парфемот ја чинат ванила од Јава и индијанска сандаловина.
Сега е на вас да го откриете својот мирисен Creed потпис. Повелете во Belodore, бидејќи е доволно да мириснете било кој од нивните бестселери и моментално ќе добиете впечаток за наследството, квалитетот и занаетот кој Creed внимателно го чува во секое свое шишенце.
Спонзорирана објава