Парсонс му оддаде почит на Џејсон Ву

23 мај 2014

17392

Приватниот Универзитет Парсонс, односно во негови рамки и новиот Факултет за Дизајн на Парсонс (Parsons The New School for Design) вчеравечер им оддаде посебна почест на Џејсон Ву и Хуго Бос, кои во новиот футуристички Центар донираа 1,2 милиони долари за стипендии.

 

-Ова за мене е заокружување на еден циклус. Дојдов во Њујорк пред 12 години и се упатив на Парсонс. Аплицирав само на едно место. Мајка ми сакаше да аплицирам и на други универзитети, но јас одбив. Тоа што стојам во оваа нова зграда, 12 години подоцна и сум почестен, е неверојатно. Дури, не можам ниту самиот да си поверувам - изјави Ву по примањето на наградата.

Меѓу присутните беше и Дона Каран, која изрази воодушевување од новите студиски програми и квалитетот, кретивноста и гледиштата на младите студенти.

Парсонс оддаде почит на најголемите таленти што потекнуваат од овој Универзитет, па за дизајнер на годината за женска облека е Викторија Хејс, дизајнер за машка облека Симон Ли, а дизајнер на годината за детска болека е Ешли Јун Чанг.

Џејсон Ву сподели со студентите дека да се биде во Њујорк сега е многу возбудливо.

-Њујорк е можеби најмладиот град во модната шема, особено ако зборуваме за четирите големи модни центри - Њујорк, Лондон, Милано и Париз. Њујорк многу напредна и сметам дека луѓето го гледаат овој град не само како одлична модна метропола за бизнис, туку и за креативност и таленти, нови таленти - вели дизајнерот.

Медиумите го искористија неговото присуство и искуството во креирање облека за кукли, па го прашаа која кукла би сакал да ја облече.

-Па прва на памет ми паѓа Шер, но веќе има многу кукли како неа. Но, колекција со големите супермодели би била супер, а меѓу нив оние што никако не би пропуштил да ги облече се Кристи Тарлингтон и Стефани Сејмор.

Објавено:
23 мај 2014
Категорија: 
Актуел