Тие се главните диктатори на модните трендови. Нивните статии, фотографии и уредувачка политика буквално ја одржува живоста и динамичното темпо на модниот свет. Модните експерти од различни области на модната индустрија го споделуваат своето искуство од формалното образование. Што тие научија на едни од најпрестижните модни образовни институции?
Име: Мајки Боардман, уредник и директор на магазинот „Paper“
Училиште: Универзитет „Purdue“, „Parsons“-училиште за дизајн
Диплома: никогаш не дипломирал
„Научив дека училиштето е мошне важен сегмент во формирањето и развојот на една личност, но и дека понекогаш не е важна областа која сте ја студирале и сте експерт, бидејќи животот носи нови можности и предизвици кои треба да се прифатат. Не се ограничувајте! Освен ако не зборуваме за медицина, на пример. Во тој случај повторно имате избор, но сепак опциите се повторно во кругот на медицинската област.“
Име: Кери Пјери, главен мултимедијален уредник на магазинот Harper’s Bazaar
Училиште: Универзитет „Loyola“ во Мериленд.
Диплома: Двојна диплома за студии по новинарство и ликовни уметности, отсек фотографија.
„Креативното пишување и принципот на кој функционира новинарството , способноста да препознам добра фотографија од само фотографија, како и изборот на графички решенија, се тоа го научив на училиште и сметам дека успешно го аплицирам во мојата работа. Сепак, мислам дека училиштето за ликовни уметности, изврши поголемо влијание врз она што сум денес, од аспект на тоа дека мојата работа опфаќа култура, уметност и литература и редовното одење во училиште ми овозможи да ги проширам и насочам моите интелектуални хоризонти кон повеќе области и затоа сум денес тоа што сум и среќна сум.“
Име: Метју Бирс директор на KCD, водечка светска агенција за воспоставување на модни односи со јавноста и производството. Со меѓународни канцеларии во Њујорк, Париз и Лондон, оваа агенција има поставено стандарди за повеќе од 25 години работно искуство со високо стратешки креативни програми и тековни проекти за некои од најпознатите светски брендови и модни куќи.
Училиште: Универзитет „Bowling Green State“ и Моден Институт за технологија
Диплома: Трговија со облека и развој на производот, Применета наука и Маркетинг и односи со јавност.
„Напорната работа, праксата и шармот според мене се најважните нешта што треба секоја личност да ги поседува за да успее. Училиштето дава само снова, го означува стартот кој не води до целта, другото па можам да кажам и среќа. Патот до успехот е тежок и трнлив.“
Име: Мишел Смит, основач и моден дизајнер на брендот Milly
Училиште: Моден институт за технологија, Њујорк и ESMOD, Париз.
Диплома: Моден дизајн
„Научив, како да се соочам со притисокот, научив да кројам и научив како да бидам поинаква и како да ја победам конкуренцијата.“
Име: Ерика Керуло, ко-основач на Of a Kind
Училиште: Универзитет во Чикаго
Диплома: Меѓународни студии
„Научив како да комуницирам со различни типови на луѓе. Универзитетот во Чикаго изобилува со различни карактери и профили на личности и сите тие ме научија по нешто за животот и професијата.“
Име: Сомсак Сикунмуонг, шеф на дизајн во Madewell
Училиште: Parsons, училиште за дизајн
Диплома: Моден дизајн
„Како да си го откријам, развијам и применам сопствениот талент.“
Име: Фил О, моден фотограф во StreetPeeper.com
Училиште: Универзитет во Њујорк
Диплома: Историја на уметност
„Па не ме научи баш многу, фотографијата не е нешто што можеш да го научиш, неа треба да ја уловиш и да ја почувствуваш.“
Име: Трина Турк, Моден дизајнер и главен и извршен директор на брендот Trina Turk
Училиште: Универзитет во Вашингтон
Диплома: Дизајн на облека
„Минав бескрајно многу часови шиејќи и кроејќи најразлични парчиња облека додека не ги усовршив овие две вештини како што треба. Овие две активности или сегменти се поврзани меѓу себе и навистина треба мошне умешно да се прават. Исто така минав и голем број часови шетајќи низ продавниците и трговските центри за да научам да ги разликувам материјалите при самиот допир. Сега и со затворени очи можам да кажам за каква ткаенина станува збор, а за шиењето и кроењето, доказ е успешноста на мојот бренд и продажбата која од година во година е на се повисоко ниво.“
Име: Имран Амед, основач и главен уредник во The Business of Fashion.
Училиште: Универзитет McGill
Диплома: Финансии и меѓународен бизнис.
„Ме научи како да ги решавам проблемите, како конструктивно да размислувам и се разбира како да изградам сопствен бизнис и да останам актуелен и популарен.“
Име: Џон Јанучи, главен мултимедијален уредник на магазинот Lucky
Училиште: Колеџ Muhlenberg
Диплома: Уметност
Научив како да комуницирам со луѓе. Секој кој ќе ви каже дека контактите не се важни во било кој сегмент од нашето живеење и творење, ве лаже. Моето портфолио вклучува многу историски навраќања и основни концепти на дизајнот од едно време кои беа главните мотиви кои на некој начин го формираа мојот моден став. Стилот е циклична, комплицирана но и многу едноставна работа. Тешко ми беше да одберам помеѓу уметничкиот и модниот свет. Затоа одлучив да ги спојам и мислам дека правам успешен баланс меѓу нив. Најважно е јас да сум задоволен, а сум.“