Пет нови модни книги

8 јули 2013

Минатата година магазинот Вог издаде книги посветена за четирите дизајнери – Александар Меквин, Кристијан Диор, Шанел и Елса Скиапарели. Оваа година Вог повторно реши да ја искористи богатата архива и да издаде две книги за Кристобал Баленсијага и Вивиен Вествуд. Книгите ќе излезат во продажба на 12 септември.

Леандра Медин, авторката на моднот блог Man Repeller по скоро две години од најавувањето на книгата, таа конечно ќе го дочека светлото на денот .Книгата се однесува на создавањето на нејзиниот стил, а во врска со коверот изјави – „Фармерките ми стојат како да се создадени за мене и затоа избрав таква фотографија за коверот“ .

Новата книга на Ема Бакстер Рајт е водич за светот на модата во XX век. Секое подглавје претставува посебна епоха за најважните случувања во тој период  и луѓето кои влијаеле на нив. Книгата нуди интересни информации со кои секоја индивидуа ќе може да го збогати своето знаење во однос на кроевите, материјалите, формата и други детали. Книгата излегува во продажба на 12 септември.

Не постои некој кој не би бил заинтересиран за биографијата на Живанши, а сега сето тоа ќе биде достапно во книга. Коверот на книгата е илустрација од три познати креации на овој моден бренд, меѓу кој е и славниот мал црн фустан од филмот „Доручек кај Тифани“. Книгата ќе излезе во продажба на 17 септември.

Објавено:
8 јули 2013
Категорија: 
Актуел