Директорката на ПЕТА, Мина Бекечи ги повика сите луѓе кои сакаат да бидат дел од оваа кампања, што истовремено ќе ја крене свеста кај луѓето против убивање на животните за користење на нивното крзно. Сите бездомници на која им е потребна помош за претстојната зима – „Благодарение на многумина кои ги донираа своите крзнени капути, ПЕТА испраќа универзална порака за заштита на животните и дека бездомниците се единствени личности, кои имаат право да носат крзно, за да се заштитат од ниските температури„.
Минатогодишната кампања на Liberty резултираше со собирање на 13 илјади крзнени капути, а голем дел од нив беа дадени на бездомници од Детроит, на кои им се неопходни за преживување во текот на студената зима. Голем број селебрити се приклучија кон иницијативата на ПЕТА, а меѓу нив беа Мараја Кери, Ким Кантрал и Деби Хари. Токму затоа, здружението се надева дека оваа година, бројката на донирани парчиња, ќе биде многу поголема.