Вчера на 74 годишна возраст почина култниот швајцарски уметник Ханс Рудолф Гигер, како последица на здобиените повреди при несреќен пад.
Гигер беше познат надреалистички скулптор, сликар и сценограф, покрај другото прославен и преку неговиот ангажман во фантастичниот Sci-Fi хорор блокбастер „Осми патник“ (Alien) на режисерот Ридли Скот, кој во 1980 година го освои престижниот Оскар за визуелни ефекти.
Филмот беше инспириран од познатото уметничко дело на Гигер, сликата Некроном |V.
Во своето богато уметничко портфолиот има забележано соработки со врвни уметници од различни ументички правци. Покрај другото, го има изработено и препознатливиот држач за микрофон на алтернативниот музички бенд Корн, а чевлите од колекцијата на Александар Меквин за пролет-лето 2010 година се инспирирани токму од неговиот уметнички опус.