Погледнете како изгледа продажниот салон на Алис и Оливија

18 март 2014

Особено внимание привлекуваат деталите со ликот на дизајнерката, препознатливите очила за сонце во мачкаста форма кои се всушност нејзин заштитен знак и впечатливиот црвен кармин. Широк простор,  бели ѕидови со високи тавани и шаренило од предмети и креации со кои се разбива монотонијата во просторот.

Но тоа не е се! Во продажниот салон може да се најде колекцијата есен/зима 2014 година која се темелеше на бајковитите приказни од браќата Грим, со направен одличен баланс помеѓу текстурите, брокатот и крзното со богатиот избор на принтови, модните додатоци, а тука се и интересните пораки со црвена лента и впечатливи предмети во форма на пеперутки.

Фантастичниот ентериер е дополнет со црвени ружи, гранки, црвени јаболка и книги со што барем за момент ќе помислите дека сте дел од познатата приказна Алиса во земјата на чудата. Бајковито, импресивно и несекојдневно, шоурумот на Алис и Оливија е дефинитивно место кое треба да го посетите!

Објавено:
18 март 2014
Категорија: 
Актуел