Поп-ап продавница за македонски дизајн во МКЦ

6 мај 2015

1378674_10153226065587988_9090730915562221303_n

Младинскиот културен центар викендов ќе биде место каде што сите почитувачи на добриот дизајн ќе имаат можност да ја видат работата на македонските дизајнери од различни гранки. Настанот е во организација на некогашната концептуална продавница Лудус, а на продажба ќе се најдат производи од повеќе избрани дизајнери. Во рамки на настанот ќе се одржат и предавања на теми од областа на дизајнот.

Покрај организаторите, посетителите ќе имат можност да видат дел од колекциите и производите на „Линија“, Микка, Андреј Бартлинг, Acidwear girls, Куфер, „Вибрациони“ - Александра Митковска, Le Brand - Лили Кадинска, како и Мелани Димитровска, „Гоблен“, Ани Соро и други...

Исто така, сите посетители ќе можат да видат и да си набават дизајнерски производ за домот, а љубителите на храната ќе имаат можност да уживаат во презентации на дизајн на храна.

Заинтересираните нека повелат в сабота и недела во Галеријата во МКЦ со почеток од 12 до 22 часот. За повеќе информации можете да се информирате тука.

Објавено:
6 мај 2015
Категорија: 
Актуел