ФОТО: Македонски дизајн во МКЦ

9 мај 2015

„Лудус“, „Линија“, Микка, Андреј Бартлинг, Acidwear girls, Куфер, „Вибрациони“ – Александра Митковска, Le Brand – Лили Кадинска, како и Мелани Димитровска, „Гоблен“, Ани Соро се само дел од дизајнерите и брендовите што можете да ги видите викендов во галеријата во Младинскиот културен центар, а во рамки на Super Design Pop Up Store..

Сите заинтересирани и љубителите на дизајнот можат да повелат овие два дена (сабота и недела) од 12 до 22 часот и да си набават некое дизајнерско парче.

-Оваа иницијатива е убава и корисна. Покрај другото е одлична можност и простор за дружење меѓу нас дизајнерите, а за граѓаните е добро бидејќи можат на едно место да видат производи од различни гранки на модата и дизајнот. Што се однесува до Микка дизајн, ја продолжувам линијата „Плетени решенија“. Презентирам парчиња каде плетивото навистина претставува решение за комбинирање на повеќе ткаенини, современи модни додатоци и слично. Оваа техника ја применувам на чанти, накит и нешто и на чевли. Застапени се пастелните бои, кои соодветствуваат со актуелната сезона - изјави Катерина Микрутод од Микка дизајн.

Настанот е во организација на некогашната концептуална продавница Лудус, а во рамки на настанот ќе се одржат и предавања на теми од областа на дизајнот. Исто така, сите посетители ќе можат да видат и да си набават дизајнерски производ за домот, а љубителите на храната ќе имаат можност да уживаат во презентации на дизајн на храна.

Објавено:
9 мај 2015
Категорија: 
Актуел