Разгалете се себеси со новата винтиџ колекција на секогаш уникатните Swatch!
Божиновски часовници и накит, ги изненадуваат сите нивни клиенти со новата, празнична понуда со која за 3.400 денари, ќе добиете сет од три часовници по случаен избор.
Она што оваа понуда ја прави неверојатно забавна, е фактот што секој сет е уредно и уникатно спакуван, така што моделите на часовниците не се гледаат, што го прави купувањето мистериозно, а истовремено возбудливо - токму во духот на празниците.
Заштитно лице на новата винтиџ колекција на Swatch е модната блогерка Фросина Дамјановска која на посебен и стилски начин ги презентира речиси сите модели од колекцијата. Воедно, младата стилска дама на сите обожаватели на часовници им покажува како истите да ги комбинираат и да ги сместат во подеднакво урбани комбинации, што секојдневно ги гледаме на нејзиниот моден блог.
Секогаш во чекор со трендовите, модниот портал fashionel.mk , од понеделник, 24 – ти ноември, организира несекојдневна интеракција со читателите, во кој ќе бидат доделени подароци од новата Swatch колекција.
Натпреварот ќе трае во текот на целата следна недела, а она што вие треба да го направите, е да продолжите да ги следите содржините на нашиот портал и да добиете уникатен подарок!
Swatch Mystery Vintage колекцијата ја сочинуваат вкупно 45 внимателно одбрани модели, спакувани по три часовници во еден тренди сет.
Mystery Vintage сетовите се достапни во продажба во сите продажни салони на Божиновски часовници и накит.
Спонзорирана објава